Еден од партизаните кои јa водат колоната рече дека таа планина е Грамос и дека од неа сѐ до Јанина во Епир, сите планински венци го носат нејзиното име.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А знаеш ли која е таа планина? Погледни десно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ете, таму о тој рид имае кладено топои и од таму фрлае таму на таа планина, а чрните сетне пеш одее до таму и се врнвае осакатени.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се враќа таму. Во права линија оттука е таа планина и во планината народ сосе крошни, сосе ноќви, сосе секири.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
На таа планина, во обрач на шуми, карпи и облаци, бегајќи како и неговите жители од насилноста на султановата семожност, се приврзало со корен у судбина Крушево, во изговорот на старите поначесто Крушоо или Крушово, град во некоја доба, во илјада деветстотини и третата со име Република, прва на полуостровов балкански и, за историјата, најмногу од сите други републики во масивни обрачи на кралства, царства, књажевства.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Триесет и три дни патувавме до таа планина, во сосема чудна и непозната земја, сѐ додека не стигнавме до еден град, Керманшах што се викаше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за рана на штрковите.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И на 29 јули 1014 година од висовите на таа планина одненадеж и со голема викотница Никифор ја нападнал од зад грб Самуиловата војска, која фатила да бега.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Навистина умот му бил без светлина. Тоа можело да се забележи - во изѕемнатото грло му клокотела смеа слична на липања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На носот му висела проѕирна капка, во бистрината на таа капка можел да се огледа светот, сето село, планината зад тоа село, дел небо над таа планина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слегле тука штркојте и се изнајале арно од скакулците.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Близу до таа планина имало и едно поленце што било полно со скакулци од најголемите, - тамам за (х)рана на штркојте.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Застана и ме праша: - Ја пулиш таа планина таму што се вика Врба?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Ја пулиш таа планина таму далеку? – здишено рече братучедот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од Руља сте? Не ве познавам. - Од преку таа планина – велам. - Е, добро, добро... - се искашла и се оддалечи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)