Песна за правдата на македонскиот народ. Многупати во селото ја пеја таа песна!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се сеќавам на коментарот од поговорот на книгата каде што е таа песна објавена.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Непрекинувана од други звуци, таа песна само уште повеќе ја потенцираше големата тишина и далечната осама, чувството на носталгија, на тага, од кое, ноќум, еве, не може да се одбрани ни еден градител како мене, ни еден копач на бунар, водач на маска, дури и кога големата идеја веќе се овенчува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
“Синоќа ја сонував таа песна, додека еден алигатор се обидуваше да ми објасни некои работи во сонот”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„Не е можно! И јас сабајлево станав со таа песна во главата.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Шабтај се сети дека таа песна не се пее за Ханука, туку за празникот Песах, а потоа зауши дека нејзината мелодија се меша со нови и нови, сериозни, тажни и весели созвучја од псалми и радосни песни што се пеат по повод различни празници во домовите и по синагогите на иврит, на јидиш, на ладино, на германски, на арапски, на грчки и воопшто, на сите јазици на кои говореле припадниците на избраниот народ на Создателот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
молитва за спас Повторно Неизвесноста Темниот час И Повторно таа Песната Тивката Молитва За спас. кон песните Зошто болен Зошто тажен здив Зар ве навредив? звучно семе Слушам: Некој ги шепоти Моите песни Тивко, Распеано.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И сега, ете го, пак со таа песна ќе почне.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Има молба за милост во таа песна, Даниел, еден вид копнеж.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа го стори токму затоа што тој ја сакаше таа песна.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
За несреќа, тој, таа песна многу ја сакаше, и бидејќи таа убаво пее, повеќе пати ја молеше да ја запее, но таа одбиваше со очигледна решителност.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не му реков ништо. Го погледнав само, и му реков: „Еби се со таа песна“. И потем стрчнав по скалите, надолу, кон дома.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еднаш ѝ реков: „Луција, јас ти пишувам песни; ти ја пишувам Песната над песните, а во таа песна се замеша еден грд хор, твојата партија“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Завршуваше со овие зборови: Среќо, кој да те престигне/ кога си птица?/ Јас по земјата чекорам/ а ти по небесата/.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога тој ми ја пееше таа песна мислев дека за мојата недофатлива среќа зборува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ни не слутев дека неговата судбина ми ја раскажува преку песната што божем успаната девојка ја пеела!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Уште ја памети таа песна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби таа песна му беше позната од младоста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Изгледа дека таа песна секогаш ме смирува и ме теши после долго јавање, или ако нешто ме мачи“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Уште повеќе, трубадурот ја имаа таа способност да ја забележи несреќата на другите околу него – бидејќи ја бранува неговата сопствена смиреност.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа учителката ме праша: Милице, зошто си ја избрала токму таа песна?, а јас онака наивна: Па, не знам госпоѓице, јас отсекогаш ја сакав песната Сираче и кога прв пат ја прочитав веднаш ја запаметив.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ѕвезда од најрано детство ја има слушано таа песна: - Попаднале девет кучки ламји.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Мислам дека добро би ми дошла таа песна кога несакајќи би се нашол во некој задимен и многу бучен бар!
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но колку долго живееше таа песна во срцето на наша Рајна како нејзина, тоа е сепак друга приказна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја пуштав мојата омилена нумера од Бијонсе „Irreplaceball“. Некако ми даваше сила таа песна.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)