Ако повеќе парници се споени заради заедничко расправање, а за конечна одлука узреала само една парница, може да се донесе пресуда само во поглед на таа парница (чл. 311, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Евиденцијата на невработеното лице престанува да се води ако лицето: – се одјави; – заснова работен однос; – основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице; – врши занаетчиска, односно професионална дејност; – потполно ја загуби работната способност; – исполни услови за пензија; – отпочне да издржува казна затвор подолга од шест месеци; – не се пријави во утврдениот рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправ- дани причини; – не ја извести Агенцијата за промените што влијаат на стекнувањето и губењето на правата; – на странец му престане одобрението за постојан престој; – отпочне да врши земјоделска, сточарска или друга дејност; – од страна на инспекциски орган се затекне да работи спротивно на законот; – замине на отслужување или дослужување на воениот рок; – одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; – работно се ангажира на јавни работи над 30 дена, за времето на ангажирање во јавните работи; и – работно е ангажирано или врши дејност (чл. 59, ст.1 од ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако постојат повеќе барања, судот за сите тие барања по правило ќе одлучи со една пресуда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
8. Процесната [странечка] легитимација (legitimatio ad pro cessum), којашто може да биде активна (на тужителот) и пасивна (на тужениот), всушност е овластување за водење конкретна парница и е одраз на конкретниот правен однос на странката спрема предметот на спорот in concreto – а значи дека странките во спорот всушност се „правите“ странки т.е. дека токму тие имаат правен интерес и правозаштитна потреба за водење токму на таа парница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)