И ваму како и таму, сè посилно чувствува: неговата најголема казна е казната на сведочењето на таа отсутност на животот од која не може да се ослободи, сведочењето на испразнетите еврејски куќи, дворови, училишта, маала, населби, на Солун, градот испразнет од децата на Јаков.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)