На моменти пак заморни и залудни се чинат тие јазли, дека ништо не може да ми донесе таа опсесија, таа загледаност во она што не може да се види одвнатре, во внатрешната, сложена, докрај невидлива смисла, што се содржи во секоја длабочина и во секој голем потфат...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оваа провокација, и степенот на нејзината искреност, или симулираност, е предизвик којшто дендиите отсекогаш му го поставувале на општеството; на потребата да се раздвојат фактите од фикциите, позата од целта, таа опсесија на конвенционалното мислење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За уметниците чија работа е нивната сопствена митологија, дилемата е во предметите, објекти коишто можат да се собираат, во императивот да се прават нешта за да се заслужи името уметник.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)