1. Скопје медиски станува сè покомплексен град, а нашата „Локална сцена” баш и не го следи, од причини што Маргина сè уште не е доволно екипирана да се впушти во едно длабин ско и критичко преиспитување на културните вертикали и хоризонтали на градов, а, како што се знае, таа опрема (кациги, детектори за радиоактивност, рефлектори, скејтборд-штитници, сонди, пинцети...) е толку скапоцена, а теренот за работа (нагло исушено мочуриште - овој град, предмодерна, полуфеудална-полусоцијалистичка населба, со одвај неколку точки прав наместо исцртан културен профил) толку тежок што подразбира најширока можна палета на знаења, плус голема физичка енергија, плус дистанца, плус контакти - ма, хаос.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)