Исплашени од таа помисла, опаметени без збор, од нешто уште помоќно од зборот, што беше сосема непознато, што невидливо кружеше над нашите глави, - гледаш таа опомена има сила на влијание врз сите присутни, наеднаш се отапуваат, неми се, разжалени. Проклет да бидам, услужни.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)