таа (зам.) - одговорност (имн.)

- Моево го знаете. Лекарската одговорност е голема а платата мала! – се уфрли со своите жалопојки Љубомир. –Одговарам за човечки животи, кој може да ја плати таа одговорност?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се разбира, таа одговорност веќе не може да се дефинира на класичен начин, како порано.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Имам право да бидам газда бидејќи ја прифаќам таа одговорност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На забелешката од Манџуков дека таа одговорност ќе биде таква каква што била таа на раководителите на бугарските политички партии преземена за сите грешки и грабежи што се вршеле во името на “мајка Бугарија“ и во името на “милиот народ и татковината“, Орце одговорил: “Јас не мислам одговорност пред законите туку пред историјата, која никому не му простува и секому му го дава заслуженото“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А на таа одговорност нѐ подучува животот!“ беше нејзиниот одговор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТАША
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од таа одговорност прилично ги ослободував јас самиот, благодарение на тоа што ни при едно излегување без нечија помош ништо не ми се имаше случено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во модерното општество и модерната (масовна) култура веќе не постои она привилегирано место каде што би можела да се делегира одговорноста за вистинитото, доброто и убавото, таа одговорност, напротив, еднакво е распоредена меѓу припадниците на тоа општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Немилиот настан, кој спротивно на законот никаде официјално не беше евидентиран, ниту пријавен од страна на работодавачот, се случи кога, и покрај очигледниот дефект на машината и потребата од негово отстранување (отпушување на цревото за нанесување малтер) – а за да не се губи еден ден како би се отстранил дефектот на професионален и безбеден начин, сопственикот на фирмата нареди веднаш да се отстрани дефектот и да се продолжи со работа „на негова одговорност“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, кога таа одговорност подоцна се доведе во прашање, истиот тој се обиде да ја одрече и да ја префрли вината на работниците, а дополнително дури и доведе лажни сведоци пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)