Сигурно затоа што единствено таа одаја беше со огниште, беше потопла, зашто трите страни ѝ и беа вземи.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Така, вештиот творец на таа одаја исцртал три нешта, едно во друго, три средиња поставени едно во друго: среде собата поставил мрежа од пајак, налик на сонце; среде мрежата пак, поставил пајак, а среде пајакот поставил крвче.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но сакав уште да знам: што видел Филозофот, кога застанал на местото од ѓаволот во таа одаја?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И бидејќи бил насликан на сферична површина, си можел да застанеш каде сакаш во таа одаја, а тој сѐ така еднакво и од секаде те гледал со своите ситни очи, со црнки во нив како кај мачкиниот род.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Откако се знае во царството наше за одајата кобна (за која голтка знаење ви преподадов веќе, о жедни), со ин и неразјаснет запис, и откако таа одаја и записот се поврзуваат со проклетството кое го било царството и најдобрите колена во родот негов, се знае: додека не се разбере што говори записот, каква ука дава, нема да има мир и спокојство, и проклетството ќе виси над градот и царството наше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За таа одаја толку, о благоутробни, бедни или блажени духом, оти толку знам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но не ви кажав до сега дека никој, па дури ни книгите со истории древни од библиотеката на Јулијан Граматик не знае и не помни кој и кога ја уредил таа одаја така како што беше уредена; и вие ќе ја видите таа одаја, и устројството нејзино ино, кога ќе дојде времето за тоа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И рече (мислам) вака, оти главата ми шумеше, и не се сеќавам на точните зборови Негови: дека таа одаја целата била сочинение; и дека не била книга само онаа книга на столбот поставена, туку одајата цела била книга, оти имала значение.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем кажа: со врвовите од прстите поминал по записот-клопче; и не прочитал ништо ново; во центарот на клопчето, во средето на преѓата ја прочитал буквата Ж, во жена престорена, насликана од незнајниот сочинител на таа одаја; лево од неа го прочитал записот познат: Јас, царот Соломон, велам: Чашо моја, чашо моја, пророкувај додека има ѕвезди.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се веруваше дека третото среде од трите средиња го означува центарот на светот, односно центарот на вселената, и се говореше дека токму во таа одаја паѓа идеалното среде на целата вселена, точката во која се сечат сите светови Божји.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Како?“, успеав само да пропелтечам. „Па и ливчето на отец Мида“, продолжуваше Филозофот, „не е цело сочувано, и завршува токму кога за ѓаволот треба да глаголи, вака: ,Кога човек го гледа тој ѓавол, коските му штракаат, и посакува да се сокрие од него, на место невидливо, толку невидливо што...’ Како да сака да каже дека местото е толку невидливо што видливо е сосем, а во таа одаја повидливо место од она на ѓаволот – нема.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)