таа (зам.) - нумера (имн.)

Излегува дека злодухот одговорен за асоцијацијата бил Рејмонд Петибон, графичар кој многу ја сакал басистката на Соник јут, Ким Гордон, и кој бил многу популарен на панк-сцената во Лос Анџелес (постариот брат на Петибон е основач на легендарната панк-група Блек флег).401
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во 1990 година, Соник јут, класичната панк/гранџ/инди рок-група, творците на Конфузијата е секс (нивниот прв албум, излезен во 1983 година), на својот многужанровски компакт-диск Гу (Goo), кој им беше прво издание за Гефен рекордс, ставија песна, односно крик – во секој случај, нумера – со наслов Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првобитната едноминутна демолента на таа нумера може да се слушне на луксузното реиздание на Гу од 2005 година.400 Природата на врската меѓу оралниот секс и кинематографското алтерего на Џоан Крафорд можеби не е видлива веднаш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Песната, всушност, е една од најраните композиции на Соник јут. Првобитниот наслов ѝ бил „Пушење“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)