Кога ќе ве спопадне неизвесноста; а може и збунетоста како делче на таа неизвесност, дали се имате прашувано:на каде првнуваат тогаш мислите, кон кое небо?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ох, зарем тие проклети мисли никогаш не ве потсетиле на птици?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се гледавме уште извесно време во молк и, додека траеше таа неизвесност, нежно ми ја зеде раката во својата дланка и си ја стави на коленото.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)