Се сети: кога еднаш на еден свој пријател му рече дека науката не го занима, не знаеше - еднаш (во овој ден) тој ќе ја презира таа наука, еднаш (денес) стегнат во избледена кошула за опасни лудаци ќе почне да се плаши од затемнување на сонцето во својот мозок.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бунар се копа кога е најсуво, кога водите се паднати до најниската точка. Таа наука ја знаев и јас.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Доктор Миха никаде и никогаш ја немаше учено таа наука, но ако не во големиот, барем во малиот мозок му останала уката уште што му ја предеше фурката во потсвеста - преѓа од татковска вина и пајажина од грижа на совеста.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)