Што ли треба да значи таа насмевка која неизвесност буди, не ме мачи, каква и да е одлуката пресуди.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Ах, таа насмевка, знаев дека надеж крие, дека, телото не е мртво, ами спие...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Лицето зјапаше во него, тешко спокојно, заштитничко: но каква е таа насмевка што се крие под темниот мустаќ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, во таа насмевка Рада лесно ја прочита само пристојноста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И само во таа насмевка во обид таа препозна нешто од својата позната мајка и од топлината што толку ѝ недостасуваше тие неколку месеци.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се стрча кон таа насмевка и со двете раце ја гушна.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Имаше во таа насмевка потсмев; јас тоа добро го знаев, оти во една прилика му се исповедав на отец Пелазгиј дека сум слушнал небесна музика во храмот, додека сум го призивал Бога, во часови бестелесни и бесчулни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Насмевката што не се симнуваше од твоето лице, барем за мене, беше најјасното обележје на сите твои упорствувања низ тешкотиите, а токму моето лице го сметав за најсоответно место на кое ќе може да се пресели а потоа и долго да поживее таа насмевка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира откако тебе ќе ти биде одземена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби токму поради таа насмевка се потрудив да не ја доразбудам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не, кога ги спомнувам празниците ни не помислувам дека станува збор за наметнати задоволства, помислив.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Морам да признаам дека тоа лице и таа насмевка веќе ја имав забележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во таа насмевка имаше нешто старечко – не ни се насмевнуваше како што се смее четиригодишно дете, туку како што старче ослободено од страв се потсмева со смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дедо му Зигмунд, правдајќи се со неодамнешната операција, со многуте пациенти и со пишувањето на своите дела, ѝ го препушти Хајнерле на ќерка си Матилда, таа да го чува во нејзиниот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пак ќе ја спомнам насмевката на Јуриј Гагарин Зашто кој ја разбрал таа насмевка Лесно ќе ја разбере и душата на источните сонови Особено на соновите обоени во црвено Оти е заправо само тук-там на исток ќе најдете сонови Бојадисани со други бои макар што во последно време На исток се поуспешно е мешањето на боите
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Ако не верувате, немоќно додава човекот со бале преку рамо и дволитарско шише од цоца-цола лигхт во другата рака, прочепкајте низ животот ене на оној онде, Чарли Чаплин, видете колку му е тажна насмевката на постерот пред влезот на кафулето, во таа насмевка се стуткани сите наши мечти што никако да узреат уште од пред да го гледаме Големиот диктатор.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Сепак дојде! - со прекор во гласот ја изрази Величковски својата зачуденост, но истовремено беше и насмеан, и во таа насмевка беше содржано и објаснувањето дека токму мене ме очекувал.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Колку требаше да се работи за да се заслужи таа насмевка, Мајкината љубов која никогаш не се заборава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секој си имаше дел од таа насмевка, а сите си ја имавме целата. Нашата Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)