Но, по тактот на таа музика играа двојки, играа до бесвест, правејќи чудни движења кои прилегаа на тие од сечачите на дрво кои, предизвикувани од грамафонските стереозвуци, некогаш беа толку засилени што изгледаше дека ќе го разнесат на парчиња сиот клуб.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Рада сето тоа го слушаше, но, тоа не значеше дека ќе послуша да игра по таа музика.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Државата таа музика ја пушта како привилегија.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Зависи од тоа кому и за што државата таа музика му ја пушта да ја слуша.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Таа музика што тој не сакајќи ја ископа од некои далечни сеќавања, сега сосема го стопли.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но Луција не се согласуваше; ми парираше по секоја цена и велеше дека на нашиот фолклор не му е потребно никакво мундијално руво, дека треба само да се сочува народниот дух, да се чуваат, да се практикуваат и да се изведуваат народните обичаи, песни и ора, и дека тогаш таа музика ќе го надмине и џезот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој рече дека морам да ја слушнам таа музика; тие се всушност само бледа слика на вистинската, преподобна музика; рече и дека сега му е смешно што го бранел џезот пред народната музика, и дека сето она што го напишал во есејот била чиста глупост; рече дека постои само една музика, и дека задолжително морам да ја слушнам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој само се смешкаше; одеднаш рече: „Луцијо, сакам да ти ја покажам таа светлина и таа музика; затоа те водам со мене“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мајка ми од срце се изнасмеа, онака како што јас многу сакам да се смее: гласно, силно, баш од срце.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еве, на пример, воопшто немам желба да одам на филхармониски концерт и му се чудам на бато што толку го интересира таа музика и како може да му се допаѓа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тие се изненадени како „софистицираниот” музичар од Њујорк ја сака таа музика на пониските класи наместо нивната префинета музика.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Како да не можеше да го фати нејзиното траење, иако траењето на таа музика него го имаше обземено и го држеше во својата моќ.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тело гори, оган в срце душа бранува, во таа музика на љубовта оган танго во мене никогаш не застанува.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Костурот на авионот брмчеше и трепереше како харфа, таа музика го обземаше и него.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)