Тоа се однесува и на Интернет, кој постои на универзитетите (иако настана во американските воени лаборатории), но таа мрежа се шири и денес веќе има многумина источноевропјани со e-mail адреси.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Неговата сенка долга како јат претпазливо ползеше во таа мрежа, се пробиваше низ нишките на есенската магија, растеше и се губеше во чудна игра.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но, таа мрежа, ткаенина совршена е само слика на светот божји; та нели и Бог ја создал небесата налик на мрежа, и нели ѕвездите на небото мали јазли од таа мрежа се, мрежа во која сме уловени со нашите судбини неизбежни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)