Завиваа, воопшто не нарушувајќи ја ни со својата писната бол оваа црковна тишина, чиниш и надополнувајќи ја неа, дива и нефатлива, а потем зедоа и да се приближуваат, довикнувајќи се и извабувајќи се на таа месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со своето сплескано лице, скоро без око и со две кратерски ноздри, тој како да и бил син на таа месечина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Врз мракот падна уште една ноќ и в тој цвет темен затворено сѐ е под јазикот на молкот немее Сал ти си буден од бдеење болен но песната ја нема и ја нема во несоницата на тие долги дни Ја нема таа месечина јасна под тие клепки седело да свие молчењето да ти го осветли И така кроце часовите венат како што вене виење на волк и липтежот на ветрот како вене
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Еден безумен долгоушко, кому што храната не мораше да му биде крвава, кој можеше да се засити и со неколку избрстени стебленки, сам, под таа месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)