таа (зам.) - мера (имн.)

Заборав Дејствувањето на виенските Акционисти претставува радикален протест и пречекорување на табуата до таа мера што никогаш не било интегрирано во општествена или уметничка смисла, па поголемиот дел од апострофираната телесна уметност беше: „постојана провокација на општествените структури коишто реагираат со отфрлање - што е еден од главните ризици за уметниците по 1969 г.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Презен­цијата мора да се сфати многу посериозно од репре­ зентацијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според Лозановски, објаснувањето за големото нама- лување на платите не држи, зошто според тогашните моментални приходи кои ги остваруваа, немаше никаква реална основа тие да бидат намалени до таа мера.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Објаснето им е дека тоа е поради нивна вина и заради ненаплатата на извршените услуги, па дури од страна на работниците е барано и самите тие, лично да се погрижат за наплатата на испорачаната топлинска енергија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа светлина во среде средето е толку силна што ми го заслепува видот до таа мера што настојувам да гледам, расеано.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
ВО ОВИЕ денови пред Нова Година, како и многу други градови во светот така и во Софија се раздвижува до таа мера, што се има впечаток дека секој некаде трча, нешто подготвува, а во исто време и се радува и се нервира.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обично спиев крај мажот... скаменета... чекајќи тишината да завладее со куќата, тој да заспие, и тогаш драмата на нивното минување ме фаќаше, до таа мера сосема ме обземаше што, кога најпосле ќе заспиев, само минував од еден сон во друг ни најмалку не губејќи ги сликовитоста или континуитетот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога компјутерската анимација ќе се развие до таа мера, ќе биде практично невозможно да се прави разлика меѓу реалните и вештачки создадените настани прикажани на ТВ или во кино.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Чувствуваше само дека некоја сила надвор од него му ја одзема неговата сопствена сила, до таа мера што не можеше ни да ја мрдне раката до лицето ни да испушти глас од грлото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Само до каде што мислат дека се убави. Преку таа мера се покриваат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Концептот на национализмот и националнот јазик остави трага на меѓукултурните односи заострувајќи ги до таа мера, што на преведувачот повеќе не се гледаше како на креативен уметник, туку како на еден од елементите во релацијата господар- слуга, заедно со текстот на ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Почувствува дека е внесен во запознавањето на својот живот до таа мера што не можеше да го препознае својот сопствен идентитет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мислам, всушност, дека уметноста на одреден начин секогаш го крие, дека таа предметот во таа мера го одзема во која го прикажува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ограден со високи камени ѕидови и масивни дрвени порти, имотот претставуваше војнички предизвик за Турците но во истата таа мера се чинеше и неосвоива, па тие не го нападнаа; го заобиколија и дојаваа овдека, во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа имало необично влијание врз неговото расположение.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ниту еднаш во животот тој не обрнал внимание што се одигрува и што се случува секој ден на улица, на што, како што е познато, секогаш ќе погледне токму неговиот брат, младиот чиновник, раширувајќи ја до таа мера проникливоста на својот немирен поглед, што ќе забележи дури и кога некому, од другата страна на тротоарот, му се подраспарале панталоните,  што секогаш предизвикува подмолна насмевка на неговото лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Помислата на него до таа мера го вознемирувала, што една недела подоцна тој дури решил да испрати кај него чиновник да види како е и дали може и навистина да му се помогне; и кога го известиле дека Акакиј Акакиевич ненадејно умрел од треска, тој речиси се стаписал, чувствувал прекори на совеста, цел ден бил нерасположен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Необично беше тоа што, додека го пишуваше тоа, во главата му се разбистри едно сосем поинакво сеќавање, до таа мера што се почувствува речиси способен да го напише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можеше до таа мера да ги разочара...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не можеше да верува дека до таа мера и двајцата негови родители ја отфрлаат Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А уште повеќе, не сфаќаше што ги преобразило до таа мера баба му и дедо му, па не го спречуваат да ѝ пишува писмо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наместо тие да ја изолираат, како што направија со Марија, Марша до таа мера ги игнорираше, што за да ги избегнат непријатните средби со неа, беа принудени да си отворат посебен влез на куќата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Верувам дека не сте до таа мера нечовек...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дресерот носеше на себе заштитни алишта, ракавици и кај секое куче ќе предизвикаше бес; а потоа и целата група кучиња, ќе ги раздразнеше до таа мера што тие ужасно лаеја, квичеа, напинаа на синџирите да ги скинат, а потеа сам одеше и се криеше во шумата; кога ќе се скриеше, војниците ги пуштаа кучињата и тие, лаејќи и душкајќи по неговите траги, го наоѓаа каде што беше скриен; му се нафрлуваа, но војниците ги сепнуваа, ги задржуваа и ги тргаа за синџирите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога Господ ѝ даваше висина, тогаш сигурно не мислеше дека по таа мера некој друг Бог ќе ѝ одмери и судбина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Телото е препуштено само на себе до таа мера, што природните телесни движења човек воопшто повеќе не го интересираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Чекаат потребата за зипер да порасне до таа мера што и нив да ги продаваат за сто и десет долари а не за триесетина на колку што цената им е падната...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев заборавила веќе две-три години како е да си возбуден до таа мера.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)