„Сепак...“ „Добро, ќе те слушам. Чао за таа магија.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Посака таа магија да не ја избрише јавето и отворените очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И сега во истото тоа срце и душа е исплетена мрачна, тешка и темна мрежа на болка, акорди од солзи и тага.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Пред да сфатам како и кога, сета таа магија ме крена на нозе и ме доведе до прозорецот над кој мајсторот се двоумел дали да ѝ отвори пат на светлоста или да остави отвор за огњарка, тајна надеж дека со пушка ќе може да се спротивстави на арамии или насилници со чалми.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но далечното ѕвоно ја отчукуваше возбудата на моето срце што раснеше со трепетливоста на тагата и радоста, најпрвин на тагата за сите мртви на патот што пролетта ќе ја почувствуваат по движењето на лесковите или габеровите корења, потоа на радоста што сум жив и што можам со прсти да го допирам своето врело лице, што оздравувам од невестинска песна, придружничка на птици и клокотава смеа на селски дечишта: Кога, дете ќе ми плаче ќе ми плаче за цицање полегни го под стреине ќе заросам ситна роса ќе надојам машко дете ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Љубев со целото мое битие, срцево и душава беа претесни за таа магија исполнета со емоции, нежности, страсти, топлина, лесно постоење и покрај тежината на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)