таа (зам.) - логика (имн.)

Додека сите три наводи го споменуваат Тот, и сите три, во извесна смисла, однапред укажуваат на логиката на надоместување, нивниот след ја отелотворува самата таа логика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот од „Паскаловата сфера“ упатува на митското потекло на пишува­ њето, на основањето на Александриската библиотека.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А таа логика ќе доведе до пасивен отпор на козарите, до нивниот транспорт и до депортирање во градот, до последната станица на нивната бела револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Значи тие ограничувања нѐ принудуваат на некаква форма на комплетност. [...] Сега, Геделовата теорема може да се сфати на следниот начин: ако нашите (човечките) акции во некоја смисла ја опфаќаат комплетната логика, тогаш таа логика мора да е неконзистентна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По таа логика и сета историја на Римската империја, на империите коишто следат зарем не можат да се откријат и разберат низ метафорите Да се урне Картагина(Cartago delenda est! ) и Подели, па владеј (Divide et impera).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Хегел во таа логика го наоѓаше и клучот за разбирање на сите појави.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Која е таа логика што провејува во нивната комбинација и ја прави толку примамлива и сугестивна?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Следејќи ја таа логика – ако Бог не постои, тогаш човекот станува Бог и како одбран Бог ќе изгради вистински рај на земјата ослободувајќи ја од злото и страдањата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)