— Море, мајчето негово јас, кога ќе a зема таа кучка шо го лижеше него четири години и шо ќе го лиже и после, токо чекај!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аце поголтна, а потоа пламна истуривајќи го сиот јад што му беше собран во него: - Зарем си се врзал со таа кучка... - подвикна посилно за да чуе и Лорета која беше со него.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели беснеат со таа кучка — ќерка му Ѓурѓа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А може затоа ме пика во пазувата за со рацете да стигне до неа, ѓомти случајно, а таа кучката, ќе се таи и ќе се насладува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
„Нејќев тоа да го правам... Сакав само да го потплашам и да се куртулисам од таа кучка, од таа аспидија, зашто откако ја имам земено, ниеден убав збор не ми има речено, туку ми фрла мунѕи и ми надава лоши имиња: Ушленко, Клепезе, Тололе, Шавре, Прде, Шапрдан, Ќепе...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)