таа (зам.) - книга (имн.)

Се сретнале на едно поле и производителите 158 okno.mk им кажале дека некаде имале прочитано дека 120 милиграми е вистинската доза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, дозата од таа книга била предвидена за психијатри кои таблетата би ја користеле под клинички надзор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со текот на времето Чанга сѐ повеќе ѝ се восхитуваше на татковата намера да напише Историја на балканските империи низ нивните падови, во која ќе бидат вклучени и козите, па се надеваше и самиот да има некаква улога во таа книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веднаш ми стана јасно дека мајка ми мора да ја има таа книга во својата библиотека која уредно ја збогатуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Донеси ми ја таа книга да ја прочитам, - вели стариот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Атанасиус Кирхер го создал првото практично употребливо кодирано писмо во своето дело Polygraphia nova et universalis (1663) и таа книга и денес е една од најбараните на тој неуморен германски исусовец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уште Галилеј тврдел дека “големата книга на природата е напишана со математички јазик”, и додал дека “јунаците на таа книга се триаголници, кружници и останатите геометриски форми, без кои истражувачот само залудно би талкал по мрачниот лавиринт”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беше полна со слики таа книга, прекрасни илустрации...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Консултирањето со Ји Џинг за Кејџ не беше тежнение за априорно прифаќање на принципот изнесен во таа книга, туку резултат на вклопувањето на сопствените начела во механизмот на функционирање на Кинеската книга на промени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таму кадешто проблемите беа вон доменот на музиката - како, на пример, при избор на инструментите и ансамблот, каде важен момент претставува изборот на изведувачите, нивната припадност на некое од музичките здруженија и сл. - „Ји Џинг не влегува во тие проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Деперсонализацијата на композиторовата улога и самоорганизацијата на структурата имаа за цел ослободување на звуците од било чии емоции, идеи, намери, проекции, а не автоматизација на композиторовата постапка, како што често погрешно се толкуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Одамна е за него затворена таа книга.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Замислете ја таа книга (а поефтино е да се замисли во едни корици наместо во 35!) за таа сума! (Најбедна монографија чини двојно повеќе) Затоа: Сети се!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сам се зготви за пат, оти товар немаше, оти уката од небото и земјата ја беше собрал, од таа книга вечно отворена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но јас не одбивам: возвишен сум толку за да ме прими Бог во одајата, оти Бог го положил словото свое на таа книга.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некои дури велеа дека писмото го сочинили со своја рака самиот Соломон, и дека таа книга ја нашол некој од предците на нашите цареви, и ја донесол тука, од почит кон царот Соломон.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сфатив дека тој не сака ние да ја видиме таа книга и можеби затоа станав уште пољубопитна да видам што е.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мојата универзитетска кариера беше во опасност, само лежев наоколу и ја читав. ТЛ: Она што јас го направив - најпрвин, само ја прочитав. читав цел ден додека да ги изгаснат светлата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВГ: Па, тој беше заглавен! Тоа е нешто што многу ме плаши.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од сите книги што можеше да ги добиеш. ТЛ: Треба да ја читаш таа книга во тие околности.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Начинот на кој ја прочитав таа книга беше многу интересен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еднаш, Американската влада се обидуваше да ме натера да зборувам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа не е книга што можеш да ја... ВГ: Јас го запрев мојот живот три месеци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ужасно ме притискаа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На некој начин, таа книга ми се допаѓа исто колку Дина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Успеал да создаде сосема различна ситуација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брат ми се двоумеше дали да ја поземе книгата; таа книга со песни од Мицкиевич тој ѝ ја беше подарил, и сега таа му ја враќаше како да ѝ ја беше дал на читање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Непријатноста на таа помисла се оцртуваше во згрченоста на неговото тело додека стоеше загледан во книгата, во згрченоста на неговиот глас додека изговараше едно сосема вообичаено и непотребно прашање: „Дали некои песни особено ти се допаднаа?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Подоцна ќе видиме дека таа книга се вика Псалми, има чувство дека „дел од маглестата темница“ на Рибоокиот се преселил во него и дека тој го бара токму него.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Катерина Кедрос ќе „блада на јазик што го мрази“, авторот ќе се моли за спас на душата на својата (можна) сонародничка, а книгата „Псалми“ ќе биде сместена во музеј крај црквиче во реонот на Фенер - за да остане засекогаш неодгатнато колку таа книга навистина била стара, кој ја напишал и која е нејзината смисла.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мнозина од македонските читачи ќе бидат зачудени од појавувањето на таа книга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако со нашето отцепување од балканските словенски народи го постигнеме соединувањето на сето македонско словенско население во едно цело, ние не ќе ослабнеме, туку ќе се усилиме, така што од исполнувањето на идеите што се развиени во таа книга само ќе се оправда пословицата дека силата е во соединувањето.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А критички, публицистички, есеистички и воопшто, научно-литературни спорови за таа книга се водат и денес.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Неговиот роман „Мајсторот и Маргарита“ што го виде дневното светло 25 години по смртта (!!) на својот автор, по првото објавување набргу се најде на топ-листата на најпродаваните книги на сите времиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И таа доаѓаше, и овојпат ноќта влета во неговиот прозорец, бесшумна и невидлива, а кога се освести од дремливата занесеност со таа книга, во прозорецот веќе беше црно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа книга е наменета првенствено за студенти и постдипломци, за стручна публика која освен што очекува да ужива во општењето со расказот, се подготвува и да разговара за него, да го анализира и да го толкува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во таа книга, напишана на врвот на бунтовничкиот жар, Франц Фенон инди­видуализмот го сместува на прво место меѓу непријателските вредности: „Колонизираниот интелектуалец од своите господари научил дека поединецот мора да се потврдува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имаме само еден примерок од таа книга, ја чуваме за вистински специјалисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ви реков дека таа книга нема цена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Би сакала таа книга да можам да ја прегледам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш нешто ме ужасна многу во таа книга.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Алфред Хичкок Тематот за една од најфасцинантните личности на дваесетиот век, Алфред Хичкок, човекот чие име значи жанр, како што вели Трифо, го почнуваме со славните разговори меѓу, пред сè Хичкок и Трифо, а потоа Хичкок и Питер Богданович (книгата за Хичкок на Трифо не е само една од најзначајните книги за филмската уметност, туку таа во шеесетите години многу придонесе за ширењето на границите на слободата и на она што значи уметност; оттаму таа книга е посебно значајна и за нас, кои на тие културно-историски нивоа, онака глобално, социолошки, сме барем триесетина години назад); во вториот дел на тематот поместени се два „психоаналитички” текста за Хичкок, а најнакрај ви препорачуваме дел од многубројните книги напишани за него и го донесуваме прегледот на сите негови појавувања во сопствените филмови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека ја читав токму таа книга за Твоите духовни пријатели (пред дваесетина години, кога уште не Те знаев), за првпат помислив дека нејзиниот автор треба да е некој чувствителен, прилично фрагилен човек (un uomo fragile!), кој тешко дека се вклопува во кодифицираната слика (имагологија, стереотипија...) за стандарден балкански писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Докажувајќи (на дело) дека расната белетристика тешко дека се пишува од авторската позиција која би го застапувала стандардниот машки гард: рационален, академски, дистанциран... ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На пример, таа книга содржи широки претпоставки за тоа што машините не можат да прават.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со “Зоки-Поки” на глава ми се има качено, а јас таа книга одамна ја имам надраснато, ама тој, за да ме навреди, сè нејзе ми ја споменува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја прочитав и јас таа книга и многу други такви.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)