Понатака низ Караорман имаше многу карпи и пештери, но најголемата пештера се наоѓаше во таа карпа. Карпата мацковчани ја викаа Пишишки Камен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Барем во еден миг да си помислил на милионите гладни, на милионите страдни, на милионите во крв што се дават, на твоите несреќни браќа, не ќе си имал совест, мило момче, толку мирно да седиш на таа карпа, да си тераш луд ќеиф.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ, што беше можеше да биде токму тука, до таа карпа, под неа, во мократа топла земја, во тие смреки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но запомнив дека токму под таа карпа тој цар на тоа силно, сјајно царство земно, поразил некој друг цар и потем заповедал на карпата да се вреже натпис што вечно ќе говори за неговата слава на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во секој случај, жените што дишеа на таа карпа, најголеми пречки во градите чувствуваа кога се нервираа од мажите, а најнепречено воздивнуваа кога добиваа некој подарок од истите нив.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се обложувам дека си го замрзнал и твоето братче, Леме, што си го повел на таа карпа, на кутрото момченце сигурно запчињата му играле, нели, Леме?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)