Тешко да не беа толку немилосрдни во осудата на Благуна, тешки да покажеа малку повеќе разум, трпеливост и љубов за ближниот па може мајка ѝ немаше да ја испратат да му се моли на Пенезиќ, па тој, лисецот, во безизлезната ситуација, да искористи да ја наведе да појде со него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но едно беше главно: тие села по Мариово во тоа старо време беа слободни, без бегови и господари, та беа се поткренале и материјално.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Долга и широка беше таа историја со Лисиче, што ја кажуваа старците на своите внуци и правнуци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По таа историја може да се проучи како сегашните варијации се добиени од постари и последниве од еден општ македонски јазик, а тој од една јужнословенска група итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
За Мајка, таа историја беше содржана во клучевите од напуштените куќи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го употребив планот на музејскиот под во мојата архива, за да ги поставам моите приказни, и личните и официјалните, како еден начин на интеракција со таа историја.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)