таа (зам.) - идеја (имн.)

Толку се занел во таа идеја, што од селото направил просто еден логор, сличен на казнен работен логор. Се разбира, за „доброто“ на селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Фиреровиот принцип, принципот на водач и симболите на национал- социјализмот повторно го обликуваа поимот за таа идеја. ...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Другиот одговара: „А, тоа е MacGuffin.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само, далеку е тоа од мене, езуит, да ги охрабрувам на такво однесување.” •Мислите ли дека идејата да стане маченик за Клифт претставуваше искушение? •Хичкок: „Да, таа идеја несомнено беше искушение за него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Еко-архитектурата секако не е оригинална идеја на Хундертвасер, но него во најмала рака може да го сметаме за двигател, унапредувач на таа идеја.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дишан симултаната рефлексија ја замислил како пример за бесконечноста и често, за да ја реализира таа идеја, во својата работа користел стакла или огледала.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак во заднината на неговата мисла, во неговата потсвест, таа идеја се формираше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога заради околностите таа идеја не била реализирана, Христов од сѐ срце и со моќта на своето перо работел на ширењето на идејата за создавање на македонска република во југословенската држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И тоа се случи во еден миг, додека разговараше со Бил Девит, таа идеја му дојде многу едноставно и многу директно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Луција со задоволство ја прифати таа идеја, оти, рече, во сценариото сосема ја заборавила изворната народна песна; и, второто нешто, рече Земанек, би требало да биде – паузата, бидејќи програмата е особено обемна и може да ја замори публиката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ми вети дека ќе се заземе околу таа идеја, но, се чини, како што вети така и заборави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаете како одат тие работи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или и неговиот збор доволно не тежел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некој ми рече дека за таквите идеи е потребен посебен авторитет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Излегува дека злодухот одговорен за асоцијацијата бил Рејмонд Петибон, графичар кој многу ја сакал басистката на Соник јут, Ким Гордон, и кој бил многу популарен на панк-сцената во Лос Анџелес (постариот брат на Петибон е основач на легендарната панк-група Блек флег).401
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пушење требало да се викаат и песната и целиот албум за Гефен рекордс, а на обвивката требало да го има цртежот на Крафорд од Петибон, но Дејвид Гефен ја отфрлил таа идеја, а песната ја скратиле на две минути и ја пренасловиле како „Милдред Пирс“, додека албумот го преименувале во Гу, а за насловната се избрал нов цртеж од Петибон.403
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Соник јут се сосема благонаклонети кон настраното. Во нивните културни референции има многу геј-уметници и дела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Според Стиви Шик, „Насловот (на нумерата)... е преземен од една маица на Турстон (Мур, пејачот и гитарист на групата), на која имало илустрација од Рејмон Петибон на холивудската дива Џоан Крафорд во насловната улога на хероината од класичниот филм од црната серија, Милдред Пирс, под која било начкртано „Пушење?“.402
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со таа идеја искрено се согласи и самиот свети Ксавиер, кој претпостави дека овој член на неговата дружина сака да го воведе во Јапонија одгледувањето на западните лековити билки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но ќе влезете во најобична заблуда ако помислите дека таа спокојна атмосфера влијаеше врз врагот како смирување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, истата таа идеја ги лиши од било каква моќ во нивната сопствена заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од каде таа идеја, не можам да си објаснам. Најверојатно многу деца имаат таква желба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не беше така глупава, таа идеја: ни помогна да успееме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таа идеја силно ќе влијае на промената на историјата во светот, се надоврза Татко, Турците, од азиско потекло и како номади, биле добри коњаници, но слаби пешадијци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Слободно може да се каже дека либералната демократија е рамна на судбината на човечкиот историски живот токму од оној момент кога таа идеја некому му паднала на ум.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Вие никогаш нема да имате ништо друго на што би се потпреле, освен таа идеја.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше моменти кога нешто ќе ми светнеше во главата, брзо ќе ја запишев таа идеја на парче хартија, за подоцна да ја вклопам во моето пишување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како што кажуваш ти, неговиот дедо, па дури и вујко му, и животите ги дале за таа идеја. Нацистичката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, ја отфрлив таа идеја мислејќи дека жената полошо ќе пука под дејство на хипноза”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А јас помислив, има нешто во таа идеја, зошто да не направиме филм за девојче кое работи во подрумите на Ремс и постојано ги гледа возовите како заминуваат, носејќи товари шампањ.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Сакав да те прашам кога ќе го изнесеш шпоретот во тремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: „Каква е таа идеја, што не може да попричека додека ги сечам прачките?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја гледаше единствено како секој ден си го проверува сандачето, па помисли дека можеби има некое момче во Франција, но брзо ја отфрли таа идеја како премногу песимистичка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го пушти Сати и повторно седна до неа. ­- Вие таму во Франција, го сакате ли многу Дебиси? - ја праша.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во тој момент реализирањето на таа идеја сигурно ќе имало голем психолошки ефект за сите окупирани држави, а би претставувало удар за силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците посебно ги интересирал советскиот одговор за таа идеја, бидејќи така би можеле да ги планираат следните свои чекори за да го спречат "заедничкиот југословенско-бугарски притисок врз Грција и отстапувањето на Западна Тракија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Салвемини немал ништо против регионалната федерација, но само ако „вториот чекор се преземе без одлагање“ и рекол дека регионалните федерации би требало да послужат само како прв чекор во реализирањето на таа идеја, а не како пречка против непосредното обединување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се нагласувала и потребата таков договор да биде поддржан и од страна на "главните сојузници и другите заинтересирани влади".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, идејата никогаш практично не заживеела поради сомневањата на СССР во целта на самата федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските ветувања не биле примамливи во тој момент за СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
272 Како прв чекор во остварувањето на таа идеја бил потпишаниот договор за унија помеѓу Југословенската и Грчката влада во емиграција во 1942-та, како база за поширока балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, според Британците, на таа идеја "не ѝ беше дозволено да влезе во областа на практичната политика", но сметале дека во новонастанатите услови може лесно да прерасне во политичка реалност и да ги загрози британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Стејт департментот укажал дека воопшто не гледа благонаклоно на таа идеја од причина што за Бугарија, како непријателска земја, сега е неприкладно „да склучува договори или други меѓународни акти, во период кога таа е под контрола на Сојузничка комисија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини СОЕ, со лажни документи, на име на бугарски бизнисмен, го прфрлила лицето Х во Лисабон на обука.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овој руски став тие го темелеле врз основа на историската прагма.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците сериозно се зафатиле да ја реализираат таа идеја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целокупната активност што се одвивала меѓу Југославија и Бугарија, а во која индиректно била инволвирана и Грција, при крајот на Втората светска војна за британскиот политички естаблишмент претставувала „конфузна ситуација“ во која тие не гледале некоја перспектива за регулирање на односите меѓу балканските држави во „оваа фаза“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но во реализирањето на таа идеја се испречиле Русите, кои недвосмислено ставиле до "знаење дека тие воопшто не размислувале за вакво решение", образложувајќи го својот став со "фактот дека една таква конфедерација би претставувала цордон санитаире кон нив".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но таа идеја на Британците секако била задоцнета, имајќи предвид дека СССР, во август 1939 година, потпишал договор со нацистичка Германија за меѓусебна соработка, и заедно ја поделиле Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Причината за таквото нивно стравување произлегувала од „внимателно испланираната политика“ на Тито, кој го „намалил српското влијание во Југославија, т.е. ги истиснал Србите во границите на стара Србија и со одлуките од 29 ноември ја поделил Југославија во автономни единици, а една од нив била Македонија, формирана надвор од Србија.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметал дека преземањето на првиот чекор а одложувањето на вториот за неодредено време е напуштање на вториот чекор, кој е попотребен од првиот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На влезот мора да избере меѓу две врати и два итинерера.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На избор има врата со натпис “Без предрасуди” и врата со натпис “Предрасуди”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Храмот на вредностите и ликовите за незгодите на историјата на односите меѓу идејата за хуманитетот и вистината за таа идеја е заснован така што од самиот почеток од посетителот бара соработка и размислување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сакав да си дадам време за да го разубедам од таа идеја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се плашев од таа идеја, но истовремено и ме привлекуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го одврзавме од куќичката и тргнавме надолу по улицата кон куќичката на баба Стеве.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Тогаш да го шетаме – се согласив. Никогаш не сум имала куче, иако често сум ги молела моите дома да ми земат едно, па таа идеја да го шетаме Бак многу ми се допадна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не, не... – се изнасмеа мајка ми – од каде ти е таа идеја?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
НЕДОВЕРБА
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)