Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)