Токо, да ти кажа кога ме гибна на таа жица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Баге и самиот не беше свесен од каде кај него таа жица на шегобијност?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бендисуваше тој секого, ете каква беше таа жица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)