- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не и го знаат името, ама додека објаснував кого барам едната жена на другата и рече да не ја бара таа жена која постојано седи надвор на столче и плете.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Јаков сѐ одречуваше. Му рече дека кај таа жена – му кажа дека се вика Ребека - оди на испомош околу домашните работи и дека таа за тоа му плаќа добри пари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не мислам дека обидот успеа, бидејќи окото мора да гледа во личноста.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа е чудно; никој друг не ја препознал таа жена, но зарем не е водена истрага кога било пронајдено нејзиното тело?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Каква утеха беше тоа што таа жена се врати дома во тој момент.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Жено, ѝ подвикнав јас на таа жената моја. Зовре вода за крмакот? Ја прашувам.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И јас ја играв таа игра, додека тој не реши да почне од ново: да оди кај таа жена, да се подмлади (оти мажите во тие години имаат силна потреба да се подмладат, иако тоа е чиста утопија).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Само еднаш видов, во едно странско списание, слика од таа жена, господине судија, и видов дека е многу поубава од мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Е, таа жена му била жена на оној што сега сака да се фрли под истиот воз.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Ете, таа жена која себе си се нарекува госпоѓица Осуденик, кога за прв пат влезе во ординацијата, се тресеше како фатен крадач.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Повеќе никогаш не сум ја видел, но ја паметам таа жена Албанка, како да беше денес.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Истовремено знаев дека таа жена сѐ уште не ми беше толку блиска.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Тетка Рајно, која беше таа жена со тебе вчера, веднаш ја прашав, штом се појави на вратата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Само што избегала од куќата, таа жена истрчала колку што можела и не можела кон куќата каде што живеел нејзиниот поранешен маж со жената и детето.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ми се чинеше дека не сака понатаму да ја прашам за таа жена и го сврте разговорот на други работи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Од каде вие ја познавате таа жена, - рекол човекот, таа беше моја другарка, сопруга.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ако јас сум казнета од судбината да немам свои деца, си мислела таа жена, барем тој нека има свои.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Размислувала да напише во весник дека ги бара каде се децата на таа жена, нејзината соученичка која што загинала, но тоа и било незгодно.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И таткото на тие деца како да сфатил дека токму таа жена ќе може да се грижи за нив, да ги засака.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ми се стори во тој момент дека таа жена знае сè... и за солзите и за празнината... и за прв пат ѝ дозволив да ме прегрне.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Јас побрзав внатре во куќата, плашејќи се Вера мене да не ме праша која беше таа жена со црна шамија на главата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
По тие часови почнав да откривам и нови чувства кон таа жена, и покрај свесниот отпор што ме држеше на раздалеченост од неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Но, каква беше таа жена не знаев.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во тие мигови кои ги минуваше со синот во очите на таа жена имаше чудесна живост, и во старечките усни кои говореа, и во движењата на онаа рака која не почиваше на раката на синот, туку нежно и весело мафташе во воздухот, следејќи ја интонацијата на зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзиното испиено лице, штрбата уста, проќелавената глава, навечер во темнината на уличките сигурно уште намамуваа по некој пијан човек.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледаше во својот син, и како да гледаше во лице подеднакво живо какво што беше нејзиното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Главата ѝ е наведната, и би паднала на градите, да не е потпрена на раката стегната во тупаница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас претпоставував дека таа жена изминатите осумнаесет години заработувала на тој кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се костреше сиот од таа глетка и се трудев што побргу да исчезнам од видот на таа жена, боса и гламјосана.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пред сѐ - таа жена има сосема нездраво... минато. Потекнува од фамилија на наши политички непријатели - комунисти?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Жалам, госпоѓо Христова, но со или без причини - таа жена не ќе може да има никаков допир ниту со Вас, ниту со... Вашиот дом?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ИВАН: Замолчи. Никој не ти дозволи да зборуваш за таа жена. (По мала пауза.) Ти се молам...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ќе ми дозволите ли сега, јас да го насликам вистинскиот портрет на таа жена?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Зар не Ви паѓа в очи дека посетите на таа жена паѓаат токму во моменти кога Вие имате средби од - интимен карактер?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Пред сѐ, ја познавате ли Вие таа жена?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Треба ли тоа да значи дека ти си ја засакал таа жена? (Се обидува да се соземе од пијанството.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Како ќе ми го објасните последното доаѓање на таа жена? Последното...?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: И сигурно ќе речете дека таа жена е „срдечна, непосредна, мила“?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, Анѓа беше упорна да го оттргне синот од прегратките на таа жена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А сакаше само да ја запознае таа жена што пишува приказни, толку „срчано“, како што му беа рекле, и толку духовито, вистинито, толку нереално точно, што мислеше дека не може да не ја познава.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И во сите одрази наеднаш, зашто навистина поинаку не можеше за биде, оживеа нешто што било чувство или копнеж во таа жена, брзо и јасно како отчукување на дамар.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Каква е таа жена со која тој толку години нема никаков контакт и кај која не мисли да се врати...” му рече таа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Повторно ја слушав Големата вода, стоев на највисоката карпа, повторно се јави оној непознат глас, таа жена, мајка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Слушав како му вели татко ми: Зарем таа жена го заслужила тоа, од добро семејство е и богата, кај татко ѝ имаше и да јаде и да пие, но те зеде тебе, за да има покрај себе маж.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас ќе ѝ се фрлев во скутот, ќе ја бакнував и ми се чинеше дека таа жена многу ме сака.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ние бевме веќе израснати и не ни требаше многу таа жена, но сепак таа си беше вредна како домаќинка и беше многу културна жена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога отиде кај таа жена тоа беше неговиот прв грев во последните две години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Успеа за миг да се воздржи (во тоа му помогна повикот по телефон; гласот од другата страна беше на Деница на која ѝ рече да се јави подоцна), а потоа тивко ја праша: „Која е таа жена која ви се врти во главата, а која, според она што можам да го разберам од вашево инсистирање, е инволвирана во случајот?“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Очите не ѝ се гледаат од плачење на таа жена, залче не става в уста.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Детето, ми го грабна детето!... Таа жена е болна!.. Одземете ѝ го детето!...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Дека ова писмо е прво од таа жена.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа жена шо ќе дојде кај нас, ќе најде голо пепелишче: една маша, една кација, еден т'чник, печес лажици и едно ѓуме. Ете тоа е нашата сермиа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Mope, а ватил бесот таа жена. Вчера дојде и сѐ некој моди токо ваде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа жена се губи во сопствената реченица како мало дете во супермаркет... - се гушеше Лари во очајнички бес.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Која беше таа жена која толку силно го одреди подоцна татковиот пат, патот на семејството?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Сепак, мислеше Френк сега, таа жена беше на добра трага, како што беше и книжевниот критичар Лајонел Трилинг кога зборуваше за „ужасот“ што се крие во поетската рустикалност на Роберт Фрост: ретроспективно барем, ‘Водениот виор’ го отсликува последното лето на Полардови - златниот период на пријатна работа и игра, за коешто време Френковиот неоткриен тумор забрзано го населувал неговото тело.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Жолтко, таа жена му припаѓа на друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој ја погледнал и ѝ рекол: „Тоа не е жена, тоа е водопад”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа жена ми рече дека тогаш почнало да ѝ се врти во главата и дека сакала да се онесвести.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не можела да ја усклади неговата изјава со она што самата го гледала. Тоа секако е прилично „влажен” изговор! Па, тој стварно тоа го направил.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Вџашена, таа запрашала: „Што правиш со таа жена на мојот кауч?“
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ама онаа, Љуба на Кошевецот, ја сосипа: „Немојте така, госпоѓо комесарке, оти овие што ве слушаат може и ќе ви поверуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или дека веќе те води, во што навистина верував!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не се срамам од тоа дека помислив во еден момент оти сепак Аксја е таа жена што ќе те поведе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Замисли си“, ми вели Рајна, „таа жена на Комесарот излегла без лице и без срам на улица и фрла пуфки.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Вие двајцата одете долу во селото и проверете која е таа жена што веќе две ноќи вика и плаче.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И после, заедно со тој шефот на железничката страница и таа жена му на суд!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„... Таа жената моја беше од битолските села и таа имаше еден роднина во Америка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ама кога отидов таму, ја најдов таа женичка му, завалијата, сама.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа жена мене од памет ме вадеше. На сон свршував. Мастурбирав.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А таа жена му била некоја многу итра.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)