таа (зам.) - желба (имн.)

Ја имам таа желба уште од дете, да се претворам во волк, или лилјак и крв!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Вампирите се чуден сој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова е обид да и ја исполнам и таа желба последна од трите за што ме зарече последната година од нејзиниот живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но таа желба беше истисната од магијата за Америка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го бараше тоа како да е тоа четкичка за заби што некој ја откраднал; беше невозможно да му се отфрли таа желба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Токму во таа желба да ја изменам патеката на расприкажаноста на Огнена што го поттикнуваше грдото чувство во мене, реков дека сирењето е многу солено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тоа го реков необично силно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се како стрејт-мажите по тоа што посакуваат мажи и не посакуваат жени; исто, за разлика од стрејт-мажите, тие се асимилираат во женствена родова улога поради насоченоста на нивната еротска желба, дури и ако таа желба се изразува на сексуално агресивен начин. ‌Геј-мажите не се како стрејт-жените по тоа што се мажи, но како нив се по тоа што кон машкиот пол заземаат однос на посакување и што делумно врз таа основа се сметаат за немажествени. ‌Машки субјект на истополова желба, затоа, се обродува на сложени и честопати противречни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како стрејт-мажите се по тоа што се мажи и што на повеќето од нив, барем отпрвин, им се укажува достоинството и чувството на субјективна ополномоќеност што, главно, им се придаваат на мажите во систем на машка доминација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот од тој родово конститутивен процес се јавува во многу аспекти на формирањето на мажествениот субјект кои се земаат здраво за готово и кои поради тоа се инстинктивни: тие аспекти се движат од чувство дека имаш право на сопствените чувства и мислења до чувство дека имаш јавен свој простор или барем дека во него ти е удобно, до уживање на правото на говор и на можноста да ѝ се наметнеш на група или да ѝ ги наметнеш своите ставови, до запоседнување на сопствена еротска автономија и сопствен сексуален субјективитет. ‌Геј-мажите, тогаш, се и како стрејт-мажите и различни од нив, исто како што се и како стрејт-жените и различни од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, обратно, сексуалната желба кај геј-мажите внимателно го избегнува тргувањето со културните субверзии на кампот, кој, на крајот на краиштата, би повлекувал поткопување токму на истата таа желба: спласнување на нејзините бучовски театралности, упропастување на нејзината мажествена парада. ‌Поларноста помеѓу кампот и убавецот, иако е строга, не е апсолутна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако класичниот бродвејски мјузикл од 1940-тите и од 1950-тите строго го протерувал од својата сцена секого и сѐ што би можело експлицитно да се прибележи како хомосексуално во умовите на неговото гледалиште, „сега може да изгледа дека дало далеку побогат приказ на [геј-] желбата“ отколку што би можело да даде кое било експлицитно претставување на таа желба на денешната бродвејска сцена. (132) Проблемот, или парадоксот, е што геј-идентитетот „на кој сме му ги довериле сопствените политика, етика и сексуални животи... е во суштински редуктивен однос со желбата врз која е заснован“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што покажа Д. А. Милер, геј-културата е на спротивниот пол од неироничната поза на мажествената рамнодушност што изигрува нормалност, изискува почит и ја предизвикува сексуалната желба кај геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа сложеност не е ништо друго освен последица – неизбежна, иако, се разбира, не тотална или сеопределителна – на општествената семиотика на родот и на сексуалноста во еден хетеронормативен свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпрвин таа желба ѝ се остварила.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А како да исчезне таа желба за дијалог?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Па макар и да ја има таа желба, макар и да поминуваат низ него сите тие, крајно одредени и јасни - недвосмислени слики за него, неговата боја,искрите на светот, огинот, со таа топла граница помеѓу него и тоа другото во кое не може да верува, колку и да сака; сепак се е подобро од неодреденост во која е онеспособен да проговори свртен кон себеси како кон било што друго, неколку обични и најобични идеи, за тишина, за пејсажи, за нешто.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Секој руски дворјанин има желба да не греши, но, за да се задоволи таа желба, треба да се има материјал за мнението.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Царството да се раздели и да се владее” и сл.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Обрачи на свеста, копнежот ме јаде и таа желба да те прегрнам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сакав да ја имам таа птица в раце, да ја поседувам нејзината убавина, да биде таа само моја, но, во исто време со таа желба, длабоко во себе слушав притаен глас што прашуваше: Дали таа убавина тогаш би била исто толку голема без слободата на летањето?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакав да ја имам таа птица в раце, да ја поседувам нејзината убавина, да биде таа само моја, но, во исто време со таа желба длабоко во себе слушав притаен глас што прашуваше: Дали таа убавина тогаш би била исто толку голема без слободата на летањето?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На него стоеше само нејзината прва буква Н, а за втората, местото стоеше празно. He му се пишуваше нејзиното презиме, а пак не смееше да го напише своето, иако гореше од таа желба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога му се исполнила и таа желба посакал да биде судија, па потоа министер, па цар, па не знам што сакал да бидува понатаму и дали дошол крајот на неговите желби.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во тоа навистина би уживал. Тоа толку го посакува што таа желба добива некоја мистична моќ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но најмногу од сѐ, иако таа желба ја криев негде во позадина, длабоко посакував љубов од соништата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)