Колку помалку имаш секс, вели таа етика, толку тој ќе има поголемо значење, а она што треба да го посакуваш над сѐ во сексуалниот живот не е задоволството, туку значењето, значењето за сметка на уживањето, односно значењето преку исклучување на уживањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, исто така, ме побудуваа и шокот и разочараноста поради тоа што револуционерното движење на сексуалното ослободување и на политичкото бунтовништво слегнале и станале помирлив, во суштина конзервативен облик на идентитетска политика што не се стреми толку да го смени светот колку што сака да си заграби поголемо парче од него.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем дел од отворено геј-тематизираната култура што се појави по Стоунвол и понатаму ги има истите револуционерни цели на геј-ослободувањето.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја усвоиле и хетеросексуалната етика на еротското осиромашување, која лобира во корист на благотворноста на одрекувањето од сексуалното уживање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број геј- луѓе денеска се изгледа решени да ги подражаваат и да ги репродуцираат ветвите, регресивни општествени вредности на хетеросексуалната култура: семејството, верата, патриотизмот, нормативните родови улоги – она свето тројство на Kinder, Küche, Kirche.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)