таа (зам.) - есен (имн.)

Малку подоцна ми се јави Хенри Гелдзалер и ми кажа дека ја чул веста во некој ресторан додека ручал. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 165
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој пар чевли со тоа одело никој друг не би помислил да го облече.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А секако и Дејвид и Мик носеа денс-чевли кои ги правеше лондонскиот Анелон Дејвид. (...) Кога таа есен претседателот Кенеди беше убиен, го чув тоа на радио-вестите додека сликав во своето ателје.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, во царството постоеше закон кој ги обврзуваше сите спахии, зависно од имотот, да спремат војници и да ги испратат во царската војска, која, таа есен, презеде, којзнае по кој пат, поход на Маџарско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа есен илјада деветстотини седумдесет и прва година се запишав на Факултет да студирам француски и италијански јазик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
” (Во надрогираните години што следеа, Пол многу пати призна: „Знаеш, таа моја изјава е најдобар пример на погрешна проценка”). 118 Margina #15-16 [1995] | okno.mk Тие Лириеви Celebration, кои одеа таа есен, беа вистински есид курс за почетници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ти гарантирам дека за три месеци со нив ќе биде готово - па погледни која глупост уште сега направија од тоа...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кошавата таа есен со мразни шлаканици многу порано отколку обично, го најави доаѓањето на зимата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Требаше да ги истргне како детска играчка и да појде да се бие со глава. И уште пред таа есен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Моја жалба ете мина, оти либе од туѓина венчан прстен ми донесе, ќе ме земе таа есен.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Денес ме виде во паркот како седам, и кога пријде увилен, блед и стресен јас сетив дека непознат човек гледам како што гледа во мене таа есен.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Магловита и жална беше таа есен.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И не дојде таа есен реката.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А Рајна Коцева успеа во своите намери. Мислам, таа есен се омажи за Анатолиј.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Доаѓаше со своето мало торбиче, во кое беше нејзината ноќница, нејзиното шише со лимонска тоалетна вода од која никогаш не се разделуваше, доаѓаше со чоколади за децата, со тегла ајвар или слатко, што ги беше подготвила сама, таа есен, и со книга од Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)