Утредента, по емисијата, во Фектори стигнаа педесет пара бели фармерки - благодарност на Леви штраус за бесплатната реклама. (...) Во ноември почна да се прикажува хипи мјузиклот Коса, а тој месец излезе и првиот број на Ролинг Стоун, рокенрол часопис од Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш се вративме во Фектори и ја одгледавме емисијата со останатите кои беа таму и дури ни после тоа не сакаше да го прифати фактот дека беше лоша. (Тоа го сфати многу години подоцна кога се симна од спид, тогаш и стана страшно непријатно заради таа емисија).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Каљостро: Добравечер, Скопје, јас сум Зомби.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И Коса и Ролинг Стоун беа вистински спој на контракултурата и комерцијалноста и, секако, беа вистински бум.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ете, драги (“)маргиналци(“) еден од поискричавите дијалози од таа емисија која, рака на срце, често знае да биде и одвратно здодевна и неинвентивна, но тоа е андерграунд стратегијата: спонтаност по секоја цена.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Емисијата „Неидентификувано“ на Каљостро и Кракатау (претставена во минатата Маргина) веќе не постои, после пар катастрофални емисии, потполно издишани од ентузијазам, хумор, луцидност, сведени на вулгарни преџвакувања на едни те исти нешта, до зла бога здодевни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Едно време емисијата „Неидентификувано“ (студентско радио, сабота во 20 часот) не беше таква и поради тоа, ко некаков постхумен перформанс, ко пијана рецитација над гроб - а богами и ко одбележување на оние побизарни нешта во нашиов беден медиски простор (емисијава на крајот само ја потврди таа беда, тој недостаток на визија и концепт) - пренесуваме неколку фрагменти од подобрите времиња на таа емисија, но, рака на срце, прилично изменети со scissors-hands сензибилитетот на нашиот литературен адаптер, П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)