Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога ја изградиле браната и кога реката ја преплавила долината и сè што се наоѓало во таа долина, никој ништо повеќе не чул за прекрасната Дуња-Ѓузел.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во таа долина со бели грмушки пена божем не замрел вик божем не малаксал од.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Секако таа долина беше и повисоко, зашто напролет снегот таму подоцна се топеше, а и некои видови овошје, круши и сливи, таму не вирееја.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)