таа (зам.) - должност (имн.)

Работоводниот орган [менаџер], правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван, односно избран на таа должност, ги остварува кај работодавачот кај кого е именуван, односно избран – според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и договорот за вработување (чл. 55, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, ако договор за вработување склучуваат деловните лица [менаџери], во договорот страните можат поинаку да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос особено за: 1) условите и ограничувањата на работниот однос на определено време; 2) работното време; 3) обезбедувањето на дневен и годишен одмор; 4) плаќањето на работата и 5) престанувањето на важноста 95 на договорот за вработување (чл. 54, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи Ристе Бојанин не одеше в црква ни наутро, ни со подарок, Бојана беше ослободена од таа должност и спа до сонце огревање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите тие беа должни да ловат риба за Емин-бег, само таа должност ја имаа, но ако некој беше фатен скришно и без дозвола од еминот да рибари, беше најстрого накажуван и глобен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чест му е за ова да го известам Инспекторатот со тоа што за ова го известив и Дивизијарот а тој преку Командантот на местото нареди сите овие четиници да се стават под команда на Душан Димитријевиќ кој вчера со својата чета замина за Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ни таа должност не ме восхитуваше. Сепак, ја примив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во Прилеп нема срески началник, туку таа должност ја врши Димитире Којиќ кој е преместен за Ниш и одвај чека да ја предаде должноста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)