Рече дека е сигурен оти на време ќе го почувствува приближувањето на таа дланка па тој со радост самиот ќе си ги затвори очите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мора да е таа, бидејќи ги почувствува влажни образите и болка во самата јаболчница како од удар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Без страв, ослободувајќи се конечно – веруваше, во еден морбиден налет на радост и студ – беше крај неа и ги рашири и таа дланките, одбивајќи да мисли, а жената од мостот се притисна во нејзините гради и двете се прегрнаа, здрвени и молчаливи, на мостот, со раздробената река што удираше по столбовите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Но, благодарам Господи“, ќе додадеше, „што сè уште добро гледам; и ти благодарам уште повеќе што ми овозможуваш да разговарам и понатаму со сите оние кои останаа далеку преку границата“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)