таа (зам.) - длабочина (имн.)

Безбеле, на таа длабочина е и ѓеризот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што е она во нас што понекогаш толку страсно ја бара таа длабочина?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние зимава треба да ископаме овде во еден ќош една дупка толку длабока.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има луѓе кои мирно и тивко го доживуваат постоењето како трагично.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кој стигнал до таа длабочина, кој таму потонал, барем за миг се соочил со бесмислата на постоењето и со трагичното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веќе чувствуваше дека сосема ќе пропадне во таа длабочина. Во тој процеп. ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)