А ако му е дадена некому таа дарба да гледа напред верувам оти ваквата милозливост не е безгранична и дека однапред е одреден часот кога таа милозливост ќе секне!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој не знаеше дека на жените им е дадена таа дарба да ги насетат и најскришните тајни на мажот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некој ми ја дал и таа дарба, да умеам да наѕирнам и во скриеното.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Знаеше добро дека умее да пишува и дека таа дарба со која Бог го благослови никогаш нема да ја снема.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа дарба ја има само човекот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ако сакаш арен живот, биди арен.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Веруваше дека негово е само неуморно и постојано да зборува и да пишува, да раскажува, оти таа дарба Бог му ја одредил да ја користи најмногу што може.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)