Беше доста далеку, дури и премногу далеку за секој друг да ги нанишани на таа далечина, но беше исто така неминовно и за сето време тој мислеше на својата сигурна рака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Луѓето што го правеа тоа, што се грижеа за неговото траење, беа, дел од едно големо искуство: на претходните чувари на огнот и огништата во таа далечина, во таа височина, во највисоките планини, во највисокото населено место овде, тука.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
А ако успеат да ѝ се спротивстават и нејзе со своите вивнати заби, или ако успеат со нив да го фрлат под нозете барем еден од нив, тогаш знај дека тие толку далеку ќе ја однесат својата рана, што не ќе вреди да се обидуваш ни да ја замислиш таа далечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Раскажуваше дека неколкупати ја поминал таа далечина на својата кобила.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таа далечина нас уште повеќе нѐ сврза. Проклет да бидам, таа далечина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Марија, одврзи ме“, шепна, „Марија...“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го позна иако лицето на богословот не беше оформено на таа далечина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)