Дискурсот што го промовира целата таа грозоморно анахрона булумента наоколу, која жирира, дели награди и објавува книги според единствената, комесарска, метода што ја знаат и според критериуми патриотски т.е. идеолошки т.е. никакви т.е. полоши и од никакви затоа што со никаквите барем владее случајот, за разлика од оваа мрачна културна ентропија што ни ја нудат новите наци-идеолози, е дискурс архаичен, полн со патос, плачливо самосожалувачки, екстремно нелуциден и здодевен, но којшто, од друга страна, на некој чуден начин е ефикасен и опасен затоа што оперира со најприземните (најмалку интелектуални и кои најчесто се гола пропагандна содржина, што така добро го знаат разуверените Сербо-Кроати) пориви на човечкиот дух: идеализмот, морализмот и ресентиманот, три најстрашни духовни гревови од кои особено интелектуалецот, според Слотердијк, мора да се чува.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)