Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Се обидов да го промислам тоа традиционално разликување меѓу филозофијата и литературата. На таа граница работам.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Никогаш не се потпирав врз таа граница.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Требаше да се чека, пишува Доксијадис, сѐ до 1800 година, за првиот модерен град на западот, Лондон, повторно да ја премине таа граница.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кога огнето ќе ја надминеше таа граница, тој ќе го распреташе и тоа стануваше пак онака тивко и затлеано, како питом, мачор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но таа граница ја узнав многу подоцна...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
4 На тој начин, преку еден „перверзен“ пат се стига и до поимот уживање, и тоа воопштено речено, така што се открива смртта во задоволството кое во основа „го лимитира полето на човечките можности“ и чијшто принцип е „принципот на хомеостаза“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Желбата го минува прагот кој го наметнува принципот на задоволство и се позиционира во однос на лимитот, границата што ја пронаоѓа и препознава, а самата релација спрема таа граница ја одржува како таква.5 Една од елементарните шеми во психоанализата на Жак Лакан претставува кружницата на задоволство, но прекината со она што во неговата алгебра се нарекува објет петит а.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ја отварам таа врата, ја минувам таа граница, пишувам веќе шеесет години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, кога разговара мајката со своите деца, таа граница тешко се запазува.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И би чудо. На почетокот сталинизмот ја крена границата меѓу двете братски социјалистички земји, на двата брега на Езерото, а сега тој таа граница ја зајакнуваше, ја правеше најнепроодна во Европа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
( - Значи, сатирата се движи од богатството на формата кон богатство на содржината, - вели Помошничката. - Токму, - блажено вели Преведувачот, затоа што се чувствува добро, а во сосема догледно време ќе се чувствува уште подобро, за што јасен придонес ќе има токму Помошничката.)
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Целта на овој избор не е да се разгледуваат границите во читањето на сатирата, напротив - целта е да се раздвижи таа граница, да се отстапи од неа колку што е можно повеќе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во меѓувреме Пакард започнал со создавање компјутерски симулации кои покажуваат дека сложените адаптивни системи се склони да еволуираат кон таа граница по пат на природна селекција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако различноста на моќта на субјектите е средина каде што можат да настанат толерантни односи, различноста на субјектите што стапуваат во однос е нужен услов.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На кршителите на таа граница, со тој закон против пушењето им се спротивставува здружената моќ на политичката заедница, што борбата против пушењето ја признала за јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Толеранцијата не можеме да ја замислиме без два поима што припаѓаат: индивидуалниот и колективниот идентитет и поимот на другиот, којшто е не само неистоветен, туку дури и неизмерлив, другиот, од којшто нѐ дели раскол, што допира до темелите на можностите на каква и да е заедница со него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)