Ние Македонците умееме, ќе можеме да влеземе низ таа врата – ако треба со заби ќе ја отвориме, со остоумноста наша, така што рацете и нозете треба многу малце да сработат, како послушни извршители, активиртаниза целосно дејствување во овој меѓу – период.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тука, зад таа врата, бевме сигурни, лежеше клучот на загатката.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Значи, пижами во спална се строго забранети и позади таа врата е дозволена само ноќница, и тоа кратка, многу кратка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А сега ако речеше нешто можеше да стане и кулачки елемент, и ситносопственик, и малограѓанска стихија, а таа врата е многу широка за влегување, но за да се излезе од неа би требало прво да знаеш да се провлечеш низ иглени уши.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да ја отворев уште тогаш таа врата и да го минев нејзиниот праг јас ќе ја задржев посилно во меморијата на мојот живот таа храбра таткова Мајка, Хазбије анм со силен инстинкт низ своето постојано жртвување во животот да ја спасува својата рожба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Која беше таа врата што требаше да се мине еднаш засекогаш преку прагот на заборавот?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја отварам таа врата, ја минувам таа граница, пишувам веќе шеесет години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред да се вслушам во шепотењето таа врата не ја бев забележал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Го допрев увото до неа, замижав и се вслушав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Трескаец имат два саата близу до под планината манастирска до село Дабница ќе одиш на рамно, помеѓу планињето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во црквата имат една врата зазидена и ми кажуале, оти некоаш цар влегол в црква, кога се венчал за цар и пак од таја врата излегол, та за тоа била зазидена.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)