- Леле, - се обесхрабрив, - колку многу зборови на таа буква има!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Отсекогаш, уште од првата ука по краснописание што ја стекнував во семинаријата, под будното око на Лествичникот и Пелазгиј Асикрит, сум се ужаснувал од таа буква. Оти личи на пајак.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И како сега помнам: еднаш, во семинаријата, додека чинев умножение на едно слово, што токму со таа буква започнуваше, и буквата наресана беше со црвена боја, како пеперутка, на почетокот од текстот, ми се стори дека буквата прета со крилјата, дека ме довикува со нозете свои блудно раширени, и јас пламнав, се вцрвив, а Писмородецот дојде и ме праша зошто не му одговарам кога ме вика.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)