Деструкциската уметност е повторно договарање на таа болка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таквото дело, во стварното тело на уметничката, заоѓа во имагинарната неутралност помеѓу субјектот и објектот во која го става гласот на преживеаниот којшто ја претставува болката на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не, бог да ја благослови таа твоја мајка, што те родила толку необична и убава, за да гори и да страда од тебе мојава душа, зашто е слатка таа болка и пуст би бил без неа мојов живот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Затоа и тиа бараат лек на таа болка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Велат оти народот сам требе да се ослободи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со месеци беше ослободена од таа болка, па дури ја имаше и заборавено.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И ако воопшто се сетеше на неа, тогаш му се заблагодаруваше на Господ зашто ја ослободил од таа болка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Поради таа болка, при секое стапнување со десната нога се наоѓаше приморан да накуцне.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И пет илјади дни ќе минат таа болка не минува, пет илјади оки, е мала тежина.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
А таа слика, таа глетка на трчање зад камионите, тој плач, таа болка, тие викања ми се вковаа во паметењето и сега споменот налетува, надоаѓа како бран, како рој, живнува, гори, жежи, се нижи збор со збор, вик со вик, плач со плач, солза со солза, издишка со издишка се врзува во синџир, се втиснува, стега, гмечи и боли...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не знам како да кажам, како да ја наречам таа болка, таа умирачка...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бевме деца и бевме во времето на првата болка; нашите болки се сретнаа, и можеби затоа си станавме толку блиски, блиски како раната и мелемот, поблиски отколку што би биле две весели деца, затоа што болката најсилно врзува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Неговата болка беше безимена: иако беше постојано присутна и постојано со него, тој ја беше заборавил, и неговиот поглед кој луташе некаде настрана од луѓето кои стоеја покрај него, некаде во празното, како да ја бараше таа болка, таа болка која ја бараа и неговите родители, со помош на докторите, надевајќи се дека ќе го излечат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога излегов од болницата, појдов, појдовме детето во мене и јас, на кејот на Дунав, онаму каде што исчезна Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш мислев дека таа болка нема да заврши, мислев дека очајот вечно ќе трае, не знаев дека се разделував од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, дека е многу појако, дека е уметност да се научи уживањето во задоволството кое го дава силата што ја предизвикала таа болка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Колкава ќе биде тежината на таа болка, зависи од нас самите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И така, таа, постојано и сè повеќе таложејќи ја таа болка и јад во себе, ѝ избиваше во гнев и злоба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од таа болка почна неговата смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Немавме деца и таа болка со текот на времето ја преболевме.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Да оди Стојан да ја бара, си помислуваа Трајко и Велика, но веднаш се сретнуваа со мислата дека и него можат да го фатат и да го пленат, та и таа болка им се чинеше не помала од онаа за Анѓа, Ангелета и Јована.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Никој нема да рече оти од немање, завал, не изнесоа тепциа на синиата, токо ќе речат: „море таа болката Стојова ќе а волеса ни за в телци ни за в говеда, та не направила".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еве, невестата Доста, ако сака да ни помогне лесно ќе a излекуаме таа болка и таа мана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ѝ велеше дека сите луѓе, кој порано, кој подоцна, минале низ таа болка, низ тие неволи што ги остава љубовта, но дека тоа со време минува, се излекува, се заборава; таа е треска што затресува, но што врви, преболува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Боли само последниот очник во сувата челуст на лавот а таа болка го спасила од смрт кловнот Рицман, иако, сеедно, тој умре со смртта на човечката смеа во циркуската арена, едноставно згасна како слаб трепетлив пламен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа болка ме уби, во мојот труп остана да живее некој друг. Името му е Јанко, слушај ме.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Чувствувам како ме зафаќа од длабини таа болка за која зборови немам.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Затоа и ја посоветував дека е многу попрактично крвавите глави да ги носи в торба, или барем под скутниот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А потоа ѝ објаснив дека најчесто ние, возрасните, ја поттикнуваме таа болка кај нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но за среќа на државата ништо не ѝ должи, па затоа сигурно таа болка полесно ќе ја преболи. (Сите предмети што биле одземени од Чардаклија, Баручиеви ги донеле кај татко ѝ уште во времето на војната.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Рамнодушно ги мразам сликите кои како дежаву се појавуваат пред моите очи тогаш кога најсилно посакувам да ги заборавам, во нив имаше нешто трагично, инсинуации, глува тишина и привид на среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Животот е болка, но ефектот од таа болка е стравопочит пред опасната убавина и чудото на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не е лесно да ги предадете своите чувства, кога после сета таа болка која ви ги парализирa сетилата не чувствувате ништо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)