таа (зам.) - битка (имн.)

Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Требаше еднаш засекогаш да се заврши таа битка!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто не помогнеш во таа битка? Тоа е и твоја битка.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)