Каљостро: Добравечер, Скопје, јас сум Зомби.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Одеднаш, како и самиот да почна да се осудува: како се помири и неговиот син да ја дели таа беда?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Едно време емисијата „Неидентификувано“ (студентско радио, сабота во 20 часот) не беше таква и поради тоа, ко некаков постхумен перформанс, ко пијана рецитација над гроб - а богами и ко одбележување на оние побизарни нешта во нашиов беден медиски простор (емисијава на крајот само ја потврди таа беда, тој недостаток на визија и концепт) - пренесуваме неколку фрагменти од подобрите времиња на таа емисија, но, рака на срце, прилично изменети со scissors-hands сензибилитетот на нашиот литературен адаптер, П. Вулкански.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Емисијата „Неидентификувано“ на Каљостро и Кракатау (претставена во минатата Маргина) веќе не постои, после пар катастрофални емисии, потполно издишани од ентузијазам, хумор, луцидност, сведени на вулгарни преџвакувања на едни те исти нешта, до зла бога здодевни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)