таа (зам.) - акција (имн.)

Во меморандумот изготвен од Морган на 2 февруари 1943 година се нагласувало дека при изведувањето на акциите предност требало да му се даде на рудникот за хром Алатини бидејќи таа акција можела да се реализира за многу кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сведок на таа акција стана Орде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но ова е многу проблематично, „затоа што дури и повикувањето на идеологијата во една акција не може да биде доказ дека таа е и причина на таа акција“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до вината на идеологијата, според него, „само таму каде што акцијата може (недвосмислено) да се определи како идеолошка можеме да зборуваме за идеолошка принуда и за последиците на идеолошката акција да ја обвинуваме идеологијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На 18 август 1943 била формирана првата покрупна воена единица на НОВ и ПОМ баталјонот “Мирче Ацев”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како резултат на таа акција 7.215 Евреи биле одведени во концентрациониот логор Треблинка каде биле ликвидирани.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште додека Ивана беше тука, ја имавме заеднички почнато таа акција и ја спроведувавме секогаш кога беше можно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа дома, во собата на сестра ѝ Бојана, а јас кај брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потписниците на протестното писмо истакнале на крајот дека таа акција е насочена да предизивка забуна кај американската јавност, а и да им направи штета на Американците од југословенско потекло кои до тогаш, од своја страна, вложиле многу за воените напори на САД за пораз на силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, на американската јавност ѝ било сосема јасно дека "британската и советската политика стојат зад движењето на Тито", и покрај тоа што "бројот на мисиите кај Главниот штаб на маршал Тито е зголемен".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За секој случај таа акција беше дел од нашето осамостојување пред да тргнеме во темницата на годините што доаѓаа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За напад од Тиквешието требаше да се подигне скопскиот беглер-бег, a трето, кадијата се исплаши сам на своја глава да ја подига таа акција да не претрпи пак пораз кој може да го налути султанот та да настрада.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Успехот на таа акција зависи колку од нив - толку од нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во таа акција со радост ќе учествуваме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ме бунеше само едно: зошто не ни ја доверија таа акција нам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)