Ниротакис живееше сам, без семејство, но шефувањето со транзитната служба (Ема во стил на искусна полицајка шефувањето му го наметна како сериозна обврска) го трошеше неговото време без остаток, вклучувајќи го во таа активност и делот што тој го исполнуваше со својот машки порив совладувајќи ја на таков начин опасноста да се почувствува отфрлен и осамен.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа најдобро го илустрира лородот Гленконер, раководител на каирскиот оддел на СОЕ, кој во својот извештај до Форин Офис ќе нагласи: „Како што знаеме...секоја активност во Југославија треба со право да им се припише на партизаните, но јас сепак сметам дека нема да направиме штета ако во вестите кои се наменети за јавна употреба, дел од таа активност му ја припишеме во заслуга на Михајловиќ“.31
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Виртуелната активност на посматрачот е овозможена токму од тој домашен, хуманизиран интерфејс во форма на стол; тоа ни укажува на авторовата досетливост да ја симулира во уметнички медиј вистината на текстот на Вирилио за „последното возило”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Посматрачот всушност се врти во реалното време и простор, истовремено пак со таа активност предизвикува некои потполно поинакви, преку компјутерските програми симулирани ефекти, коишто му овозможуваат влегување во паралелните простори и со тоа нивно испитување и населување.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Темелите на таа активност ја поставиле браќата Методиј и Константин и нивните ученици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)