таа (зам.) - ѝ (зам.)

Ја праша стрина Маловица како се викала мајка му на Илка. Таа ѝ одговори: Стојна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На проловите им се беше допаднала и по улиците на полноќ таа ѝ конкурираше на сѐ уште популарната „Беше тоа безнадежна љубов“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но сите тие чести прегледи кај неа предизвикуваа и обратни ефекти: сè повеќе ѝ внесуваа нервоза и ја заплашуваа и место да ѝ се подобруваше здравствената состојба, таа ѝ се влошуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Првата тава ни ја даде нам, а кога ја испржи втората тава со компирчињата, таа ѝ рече на мајка ми: - Пушти им троа вино на овие дамазлаците наши!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И кажа нејзината најдобра пријателка, и тоа на големиот одмор, кога таа ѝ се довери за нејзината симпатија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Но таа ѝ припаѓа на шумата, на планината. Нејзината среќа е во слободата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Таа ѝ припаѓа на шумата, синко. Грев е да ја чуваме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа таа ѝ го подаде и писменцето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дивите откриваат облик на сила што геј-мажите можат да го преземат како свој.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наеднаш спротивставувајќи ѝ се на презирната ќерка со секавичнa јарост во онаа прочуена кулминациска сцена, таа ѝ дава речовит и гламурозен израз на жестината што веќе им тлее на долго маргинализираните и малтретирани луѓе – жестина што лесно се разгорува во услови на краен стрес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во Милдред Пирс, Џоан Крафорд отелотворува токму таков вид на жестокост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако мајка ѝ ја држеше за раката, таа ѝ се истргна и потрча кон Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се доближила до мечката, таа ѝ ја подала ногата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Побарала помош од домаќнката и Србинката веднаш ја прифатила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако ги соблекла партизанските алишта таа ѝ дала фустан и ја забрадила со марама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога патуваше со Татко низ Италија, таа љубов пламна уште посилно и таа ѝ ја топлеше душата до крајот на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да, таа ѝ се спротивставуваше на балканската историја, носена од некакво инстинктивно чувство за одржувањето на животот на семејството, на своите чеда во прв ред, а Татко се обидуваше да ја разбере, да ја толкува балканската историја, да ја спитомува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кругот од деца се тискаше околу Минк, додека таа ѝ се муртеше на својата рачна изработка од лажици и своевидниот квадратест апарат од чекани и цевки. „Овде, па овде“, мрмореше Минк.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)