таа (зам.) - тебе (зам.)

Ја познавам мојата Тодора, а тоа што таа тебе не те познава, само ме радува повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
СЕЛАНЕЦОТ: Шамија нема на глава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Та, ако не ја тепаш, таа тебе ќе те тепа... И има право сиромашката.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Затоа што и таа тебе те имаше повредено пред тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама таа ненамерно. А јас, намерно, смислено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ПОП ЈАНЧЕ: А, велиш, и таа тебе те сака?!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И гледај, таа што ќе ја засакаш, да те засака и таа тебе; да ѝ го најдеш клучот од нејзината брава; зашто секој клуч не отвора секоја брава; по тоа се разликуваат душите на луѓето; секоја си има свој клуч...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе ја успиев, вели. - Ќе те успие таа тебе, велат жените, со јазикот надвор ќе те успие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)