таа (зам.) - те (зам.)

О'Брајан повторно се насмевна. „Таа те издаде, Винстоне. Веднаш, безрезервно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
16. Ете, така, кога мислиш дека среќата е тука покрај тебе, одеднаш таа те напушта и почнува да бега, бега, бега…, среќата станува сѐ повеќе нешто друго – несре­ќа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога ја слушаш музиката што ја сакаш, таа те исполнува со истата топлина и мекост како водењето љубов со жената што ја сакаш.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Облите колкови твои се како веришки, дело од рацете на вешт уметник, папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – купа пченица, опкружена со кринови; двете твои гради – како две јаренца, близначиња на срна; вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој – Ливанска кула, свртена кон Дамаск; главата твоја на тебе – како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; цар се вплел во плетенките; Оти ти рекла: положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; Оти: си ја зел за рака и таа те повела во вселената своја, во лозјето, во градините, меѓу кринови, меѓу двата нејзини колка, две веришки, две кули камени, во својата утроба, во купа пченица, па си ја познал буквата-девојка, и си го настанил семето свое во утробата нејзина ѓаволот што ја отворил за тебе, како порта што води во темен стан, во најтемна ноќ со јасни ѕвезди; Оти: си се разбудил одеднаш, пред полноќ, во прегратка на блудница жена, и си залелекал, си спискал, оти си видел дека буквата-девојка си стои негибната во клопчето од записот, невина сосем, недопрена од раката твоја страсна, и си сочинил, бргу-бргу препис на преписот; Оти: навистина си сочинил препис на преписот, со буквата девојка среде клопчето, и си ја нацртал уште поубава, и си отишол во западната одаја, и си сакал да ја оживееш, како Господ да си, оти само тој оживува и умртвува, подига и унижува; но ништо од тоа, оти буквата девојка, и сите други букви од умножението на преписот се сториле бројки, кога си го пречекорил прагот на одајата западна; Оти: си ме оставил мене, твое семе во таа утроба, и кога ме родила утробата на мајка ми, ти веќе не си бил жив, но братот мој, Лествичникот, знаел што бара новороденчето пред вратата на одајата на блудот и не ми кажал; Оти: се плашел од мене, оти од средето на писмото сум зачнат, од буква-девојка, оти сум Сказник и сказанија измислувам, и Мозаичник сум, оти скршеното го составувам; и се исплашил Лествичникот да не му го одземам првенството, па го сокрил родословието мое, да не знам кој сум и дека предодреден сум, како Сказник и Мозаичник светот на грб да го носам, на крстот мој!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еј, еј, брате сладок, земја па земја! Таа ти е најарен пријател, таа те рани, таа те крепи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Нека, јас ќе постојам... (Гледа лево.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Ти се примируваш со неа. Таа те става во зандана, за да го уништи твоето несогласување. И те смири.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Мислиш дека таа те предала?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Удавениот ќе се закикоти. И таа те измами дека е твоја, удавено ќе рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- А мама? - праша кога малку се смири. - Таа те чека да те прегрне - му одговори татко му.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Еве и таа те обвинува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Само ако таа те сака.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сега кривината је поарна, таја те изваат на сељамет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ела сега да ти ископам очите, како шчо се обложивме!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Таа те моли, Карамба-Барамба. Да бегаме.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Дури и сите градови и сите големи реки - Нил, Амазон, Темза, Влтава, Дон, Дунав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Така телото го загадуваш со грутки застоена крв, каде што се населуваат болестите – продолжи старецот, –немој никогаш да дозволиш во тебе да заживее омразата. Таа те загадува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Знам, знам, тоа тешко може да се замисли: таа госпоѓа, ти речиси дете...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека таа те заслужува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ДВЕТЕ, ПРВАТА И ВТОРАТА ЖЕНА: Па, зарем татко ти не знаеше дека таа те тепа? Си можела да му кажеш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)