таа (зам.) - нему (зам.)

Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски многу повеќе ѝ беше потребен на земјата, на татковината, отколку таа нему.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Па, не... јас само ѝ се јавив да ја прашам за совет (ме излажа дека тој ѝ се јавил, а не таа нему), и таа ми ја кажа вистината дека ти не ме сакаш затоа што сум дебел.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Помисли да не му ја нафрли таа нему јамката на врат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само што таа нему не му изгледаше ужасна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Двајцата старци - татко ѝ, самарџијата Димо, уште беше моќен, а и свекорот Пајко, кој малку по малку го препушташе дуќанот и занаетот на сина си Марка, сѐ уште повеќе ѝ помагаше нејзе, отколку таа нему.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оливера Срезоска особено на него се навраќаше, друг некој да направеше прекршок а таа нему му се развикуваше: - Зошто се нишаш кога одиш? или: - Не мавтај со рацете, оди мирно! или пак: - Што си ја кренал главата толку високо!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повремено таа прекорно го погледнуваше со што траењето на глетката му ја прекинуваше во секвенци во кои таа нему му изгледаше уште повозбудлива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)